Андреа Пирло беше фантастичен фудбалер, вистински мозок на теренот, но тешко му оди да се пробие како тренер.
Оваа сезона тој ја води екипата на Сампдорија која има амбиција за експресно враќање во Серија А.
Но, по одиграни осум кола во втората италијанска лига, Сампдорија е на претпоследното место со само три освоени бодови.
Тимот на Пирло има една победа, две нерешени средби и дури пет порази. На теренот освоија пет бода, но имаат и -2, казна од фудбалската федерација.
Вчера загубија на домашен терен од Катанцаро, тоа го крена алармот во Сампдорија. Италијанските медиуми пишуваат дека мечот во следното коло против Асколи може да биде последен за Пирло.
Во Асколи настапува нашиот репрезентативец, Илија Несторовски кој го чека својот гол првенец за овој тим.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.