Несторовски: Головите за мене се како секс

by
4 минути читање

Македонецот има
одлична деби сезона во Серија А, со 9 погодоци тој е прв стрелец на Палермо и
го одржува клубот од Сицилија во трката за опстанок.

Во Италија тој
пристигна како анонимен играч за само 500.000 евра, но сега привлекува огромно
внимание.

Откако на
почетокот од неделата имаше интервју за Гаѕета дело Спорт, напаѓачот сега
разговараше со уште еден голем весник од „Чизмата“.

„Секогаш верувам
дека ќе бидам голем играч, дека ќе успеам
– вели популарниот „Нестогол“ за Кориере дело Спорт.

„Наутро се будам
весел, го работам она што го сакам и со ентузијазам
.

„Не сум како
другите кои сонуваат за Реал Мадрид или Барселона, за Роналдо или Меси. Ја барам
сопствената среќа. Доколку успеам да заработам повеќе пари, тоа е плус
.

„Но, мојот живот е
убав… Имам прекрасна жена, магично дете, играм во Серија А, имам пари, имам
сè
.

„Во моментов
мислам само на тоа како да му помогнам на Палермо да обезбеди опстанок, до
крајот на сезоната нема да мислам на ништо друго
.

„Претходно немав
ниту добар тим ниту пари. Сега живеам во рајот. Тука во Палермо сум симбол. Би
можел да одам во Рим или Торино, но доколку не играм ќе згасне оганот
.

„Мојот сон? Да бидам прв стрелец во Серија А. Да бидам најдобар. Сакам да победувам, па
дури и кога играм карти со сопругата или пак топка со ќерката. Доколку
сте најдобар, сите погледи ќе бидат вперени кон вас“.

Се шпекулира дека
на лето Илија Несторовски ќе замине во поголем клуб, а напаѓачот вели дека за
него многу е важно да биде стартер.

„Ме прашуваат:
Наполи, Јувентус, Реал Мадрид? Јас сакам да бидам среќен, доколку седам на
клупа, не можам да бидам среќен
.

Македонецот потоа
проговори и за радоста која му ја носат погодоците.

„За мене
погодоците се голема радост, кога бев помлад, ако победевме 5-0, а јас не
постигнев гол, бев лут, подобро ќе беше да загубевме, а јас да постигнев погодок
.

„Тоти вели дека
головите се како бакнеж? За мене се како секс
.

„Кој ми е најубав
гол? Ќе го постигнев против Буфон, но ја погодив само пречката. Па би го одбрал
оној во дресот на Запрешиќ против Истра
.

„Каков гол би
сакал да постигнам? Во последните мигови, одлучувачки, може „паненка“ од пенал.
Можеби ќе се случи веќе во недела…


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани