Илија Несторовски
е топ тема на медиумите од Италија во последно време, репрезентативецот на
„Црвено-жолтите“ прикажува одлични партии во својата деби сезона во Серија А и
веќе има 9 погодоци зад своето име.
Тој на Сицилија
пристигна од редовите на Интер Запрешиќ и беше платен само 500.000 евра.
Во разговор со
хрватските медиуми, Дарио Шимиќ вели дека токму НХЛ му била одлична отскочна
даска на Илија Несторовски и додава дека Македонецот во иднина ќе заигра за
голем клуб.
„Ме радува
приказната на Несторовски во Палермо” – вели Шимиќ, кој работи како советник на претседателот на
„Сицилијанците“.
„Во Хрватска беше
потценет и покрај тоа што две години беше најдобар стрелец”.
„Во
шеснаесетникот тој е еден од најдобрите напаѓачи во светот. Ме потсетува на
Пипо Инзаги и има победнички менталитет”.
„Несторовски
дефинитивно е играч за голем клуб. Ги тресе мрежите и фудбалот се игра токму за
голови“.
„Неговото време
поминато во Хрватаска го направи она што е денес, имаше трнлив пат и на почетокот
од кариерата се соочи со многу пречки”.
Со добрите игри, Илија Несторовски го привлече вниманието на голем број екипи, Наполи се обиде да го купи во јануари, а во последно време се говори дека скаути на Атлетико Мадрид и Севиља внимаваат на напаѓачот.