226
Јувентус доколку победеше на гостувањето кај Удинезе ќе го освоеше Скудетото, но денешната мисија беше неуспешна, па тимот на Сари следната шанса ќе ја има во идното коло.
А работите почнаа добро за Јуве, со гол од далечина на Де Лихт во 42. минута поведоа со 1-0.
Но по седум минути игра во вториот дел нашиот Илија Несторовски постигна убав гол со глава за израмнување на 1-1.
Во судиското продолжение од мечот Фофана по одлична соло акција постигна гол за победа на Удинезе од 2-1.
Илија Несторовски го одигра целиот натпревар.