150
Одегард не е задоволен од својот статус во Реал Мадрид и побара да си замине. Кралскиот клуб му излегува во пресрет и планот е да го прати на нова позајмица.
„Ел Конфиденциал“ вели дека Арсенал се договорил со Реал Мадрид за шестмесечна позајмица на Одегард и тој наскоро ќе пристигне во Северен Лондон.
Во опција беше и Реал Сосиедад, играчот сакаше да се врати таму, но Реал Мадрид преферира да го испрати во странство.