Нереди во Лајпциг пред финалето во Конференциската лига, уапсени двајца навивачи има и повредени (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Германската полиција соопшти дека привела двајца навивачи по судирите меѓу навивачите на Кристал Палас и Рајо Ваљекано во Лајпциг, во пресрет на вечерашното финале од Конференциската лига.

Откако на социјалните мрежи се појавија снимки од инцидентите што се случиле во вторникот, локалната полиција потврди дека се извршени две апсења, а на сите лица инволвирани во немирите им било наредено да го напуштат подрачјето.

Според информациите, двајца полицајци се здобиле со полесни повреди за време на интервенцијата.

Полицијата наведе дека во конфликтот биле фрлани шишиња, пивски чаши и мебел, откако група од околу 300 навивачи на шпанскиот клуб налетала на приврзаници на Палас кои седеле пред ресторан во центарот на градот.

Дополнително, органите на редот интервенирале и во друг инцидент, кога околу 60 навивачи на Кристал Палас ги провоцирале фановите на Рајо Ваљекано.

Финалниот натпревар меѓу Кристал Палас и Рајо Ваљекано е закажан за вечерва од 21 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×