Неочекуваниот херој на Реал доби повик и за Шпанија – може да дебитира уште утре!

by Стефан
1 минути читање

Феран Торес го напушти собирот на шпанската репрезентација поради повреда, а неговото место експресно го пополни младиот Карлос Еспи.

Засега нема информации за тежината на повредата на Торес, но напаѓачот превентивно го напуштил репрезентативниот камп и заминал во Париз, каде што треба да ги направи потребните лекарски прегледи.

Во меѓувреме, Еспи доби повик од сениорската репрезентација, откако беше прекомандуван од младинскиот национален тим. За младиот напаѓач ова е голема можност, бидејќи ќе има шанса за своето деби во дресот на светскиот шампион.

Еспи летово направи голем трансфер во Реал Мадрид, кој ја активираше неговата откупна клаузула од 25 милиони евра. Иако пристигна како резервна опција во нападот, младиот фудбалер досега одлично ја искористи секоја минута што ја доби.

Влегувајќи од клупата, Еспи веќе двапати беше човек на одлука за „кралевите“. На гостувањата против Еспањол и Елче постигна голови во судиското продолжение, со што директно му донесе четири бода на Реал Мадрид.

Сега пред него е нов предизвик. Доколку добие шанса, Еспи ќе дебитира за сениорската репрезентација на Шпанија утре против Чешка. Натпреварот е закажан за 20:45 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×