Необичен потег на Македонецот: Миовски сам ќе си биде свој агент!

by riste
1 минути читање

Откако не направи трансфер ова лето, македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски, реши да ги земе работите во свои раце.

По одличната сезона во Абердин, кариерата на Миовски не се движи во посакуваниот правец. Македонецот не остави впечаток во Жирона, а слично е и во Ренџерс каде има подобар учинок отколку во Шпанија, но добива минимална шанса. Многу повеќе е на клупата отколку на теренот.

Македонецот не е задоволен од неговата актуелна состојба, а уште понезадоволен од агентите кои го претставувале, па реши сам да си биде агент.

„Би сакал да потврдам дека во моментов не сум претставуван од ниту еден фудбалски агент или агенција“, стои во соопштението на Миовски кое продолжува:

„Во наредниот период јас лично ќе ги менаџирам сите работи поврзани со мојата професионална кариера и иднина. Сите прашања во врска со мојата кариера или иднина треба да бидат упатени директно до мене лично. Ви благодарам на разбирањето“.

Ваквиот потег на Миовски е необичен за фудбалер од негов калибар, но очигледно македонскиот фудбалер е револтиран од работата на агентите кои работеле за него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×