Џејдон Санчо е во
војна со тренерот Ерик тен Хаг, со месеци е надвор од првиот тим и тренира со
младинците, и очигледно ова не е случајно. Немања Матиќ открива дека
Англичанецот и Пол Погба редовно доцнеле на тренинг.
„Во Челси,
фудбалерите се однесуваа професионално, беа точни и не доцнеа на тренинзи. Но
во Манчестер јунајтед, ова се случуваше секој ден. Пол Погба и Џејдон Санчо,
заедно со уште еден или двајца, постојано доцнеа на тренинг“ – раскажува Србинот,
кој заедно со останатите се обидел да воспостави ред.
„Останатите, кои
секогаш доаѓавме на време, бевме прилично лути па одлучивме да направиме интерен комитет
за дисциплина и јас бев избран за претседател. На ѕид закачив лист хартија со
имињата на играчите кои доцнеа на тренинг. Една сезона, собравме дури 75.000
фунти на име на казни“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.