Пред една година,
Роберт Морено неочекувано доби шанса да се докаже на големата сцена. Луис
Енрике се повлече од кормилото на Шпанија поради лични причини, односно тешка
болест на неговата ќерка, а младиот стратег беше промовиран од помошник во
предводник на „црвената фурија“.
Тој одлично си ја
заврши работата и обезбеди настап на Европското првенство. Сепак, потоа следуваше
болна разделба. Луис Енрике реши да се врати, неговите услуги повеќе не беа
потребни и тој доби отказ во ноември.
Роберт Морено не
седеше многу без работа, кон крајот на декември беше ангажиран од Монако.
Сепак, авантурата
на „Луј Втори“ не траеше долго, денеска беше објавено дека клубот од малото
кнежество решил да се раздели со Шпанецот, за кого ова ќе биде втор отказ во
девет месеци.
Се говори дека
Нико Коваќ во скоро време ќе биде потврден за нов тренер на Монако.