За разлика од другите силни првенства во Европа, Бундеслигата има пауза од три недели за божиќните и новогодинешните празници.
На Германците им е јасно дека фудбалерите можат да се опуштат и претераат во овој период, па одредиле високи парични казни за оние кои нема да внимаваат.
„Не мереа на последниот тренинг, а ќе не мерат и кога ќе се вратиме по паузата“ – открива дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Томас Мунје.
„Казната е 1.000 евра за секој килограм вишок, а ако некој ептен претерал, над одредено ниво казната станува 1.000 евра за секои 100 грама. Нема да откривам име, но еден фудбалер доби казна од 10.000 евра!“
„Му дадоа рок од една недела да ослабне и ветување дека ќе му ја намалат казната, некако успеа да го стори тоа“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.