Нема промени во Реал: Флорентино Перез останува претседател!

by 24 фудбал
1 минути читање

Флорентино Перез ќе продолжи да го води Реал Мадрид, откако извојува победа на првите претседателски избори во клубот по 20 години.

Според првичните резултати, Перез освоил околу 66 проценти од гласовите и убедливо го победил противкандидатот Енрике Рикелме. Со тоа искусниот функционер добива нов мандат на чело на „кралскиот клуб“.

Перез првпат стана претседател на Реал во 2000 година, а со краток прекин беше на функцијата повеќе од две децении, период во кој мадридскиот гигант освои бројни домашни и европски трофеи.

По изборната победа, вниманието сега се насочува кон најавените промени во клубот. Шпанските медиуми пишуваат дека наскоро се очекува назначување на нов тренер, како и потврда на неколку големи засилувања за следната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×