Нема повеќе обложувалници на дресовите на клубовите од Премиерлигата?!

by
1 минути читање

Ова може да биде конечен и заеднчки став на повеќето клубови, по денешниот состанок на нивните претставници акционери. И покрај високите суми кои ги добиваат од обложувалниците, се очекува да најдат заеднички јазик за овој договор, бидејќи тоа ќе значи добра волја пред очите на владата на Велика Британија.

Таа уште лани имаше намера да изгласа потполна забрана за рекламирање на обложувалници, но изборот на новата премиерка, Лиз Трас, ја одложи оваа мерка, а сега владата покажала разбирање со тоа што, наводно, ако клубовите го прифателе овој предлог самоволно, нема да изгласа дополнителни рестрикции кон обложувалниците.

Она што треба денеска да го договорат клубовите е забрана за рекламирање само на предниот дел на дресот, но не и на ракавите, каде што рекламита се значително помали и не толку воочливи. Таква добра волја може да значи и поместување на планираното гласање во владата некаде во јуни, што ќе значи оваа сезона ќе биде целосно ослободена од какви и да било промени во легислативата.

Во моментов осум клуба од Премиерлигата имаат спонзор обложувалница на градите на својот дрес, а на Њукасл и на Фулам договорот ќе им заврши на крајот од сезонава. Повеќето клубови кои склучуваат вакви договори се „помали“ или од втората половина на табелата, а еден претставник на таков клуб признал дека тоа нема да биде мал удар, бидејќи спонзорството на неговиот им носело 5-10 милиони евра по сезона. Овие мерки нема да важат за дивизиите пониски од Премиерлигата, бидејќи финансискиот шок таму би бил многу поопасен.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×