170
Енис Барди го одигра целиот натпревар за Трабзонспор, но не се израдува на пласман во Лигата на шампионите.
Македонскиот фудбалер имаше неколку прилики за гол, но не ги искористи.
ФК Копенхаген добро го контролираше натпреварот и не дозволи Трабзонспор да создаде многу шанси за гол, особено не во второто полувреме.
Трабзонспор ќе мора да се задоволи со учество во Лига Европа, а ФК Копенхаген ќе игра во Лигата на шампионите.
Глазгов Ренџерс го победи ПСВ во Ајндховен со 1-0 и со вкупни 3-2 оди во Лигата на шампионите.
Холандскиот тим со 2-2 се врати од Шкотска и важеше за фаворит, но Ренџерс се радува на победа и пласман во елитата.