Нема крај за проблемите на Ливерпул, се повреди и Хендерсон

by
1 минути читање

На вчерашниот меч за Англија против Белгија, Хендерсон на полувремето остана во соблекувалната, а после натпреварот селекторот Саутгејт соопшти дека се работи за повреда.

Се уште не се знае за колку тешка повреда станува збор, но надежта е дека не е нешто сериозно и тој нема да биде долго време во аут.

Хендерсон го напушта репрезентативниот камп и се враќа во Ливерпул каде ќе му бидат направени деталните тестови и ќе се види за што точно станува збор.

Ова е само надоврзување на лошите вести за Ливерпул, тие на подолго ги загубија дефанзивците Вирџил ван Дајк и Џо Гомез, а пред некој ден се повреди и Трент Александер Арнолд. И левиот бек Енди Робертсон има порблеми со тетивата и е неизвесен за следните мечеви. Во аут поради повреди се Алкантара и Окслејд Чембрлејн. Додека Мохамед Салах е позитивен на ковид-19.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани