Нема фудбал во Италија ниту в сабота!

by 24 фудбал
1 минути читање

Во сабота нема да се играат натпревари од Серија А во Италија поради погребот на папата Франциск, објави министерот за цивилна заштита Нело Месу­мечи по состанокот со челниците на Италијанската фудбалска федерација.

Утврдено е дека натпреварите планирани за сабота Комо – Џенова, Интер – Рома и Лацио – Парма – ќе бидат префрлени на друг термин. Според медиумските најави, средбите Комо – Џенова и Лацио – Парма најверојатно ќе се одржат во недела или понеделник, додека за дуелот Интер – Рома ќе се чека потврда, бидејќи „нерaѕурите“ веќе следната среда го играат првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите против Барселона.

Исто така, натпреварите од 33. коло, кои првично беа закажани за понеделник, а беа одложени поради смртта на папата, ќе се играат в среда од 18:30. Се работи за дуелите Торино – Удинезе, Џенова – Лацио, Парма – Јувентус и Калјари – Фиорентина.

Според планот ќе се одржи реваншот меѓу Интер и Милан (прв меч 1:1) во полуфиналето на Копа Италија в среда од 21:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани