Нема да жалат сите: Тројца фудбалери на Реал Мадрид ќе бидат среќни поради заминувањето на Анчелоти

by Стефан
1 минути читање

Карло Анчелоти (65) е сѐ поблиску до заминување од Реал Мадрид. Шпанските медиуми веќе со недели шпекулираат за неговото напуштање на „Сантијаго Бернабеу“, а шпекулациите се засилија по поразот од Барселона по продолженија во финалето на Купот на кралот.

Искусниот италијански стратег го водеше Реал од 2013 до 2015 година, а во вториот мандат е на клупата од 2021 година. Со мадридскиот гигант освои 15 трофеи, тренирајќи ги едни од најголемите фудбалски имиња на современиот фудбал. Иако Анчелоти важи за омилен лик меѓу фудбалерите, порталот „Defensa Central“ пишува дека тројца фудбалери на „кралевите“ се радуваат на неговото заминување.

Како што пишува споменатиот шпански медиум станува збор за младите офанзивци Ендрик (18), Арда Ѓулер (20) и Брахим Дијаз (25).

Реал има уште пет натпревари во Ла Лига за да се обиде да ја анулира предноста од четири бода на Барселона, по што во јуни ќе настапи на Светското клупско првенство. Многумина сметаат дека Анчелоти би можел да биде сменет пред овој турнир. За негов наследник се најавува Чаби Алонсо, меѓутоа ако замине пред крајот на сезоната тимот привремено би можел да го предводи Сантијаго Солари кој во овој момент има функција на директор во клубот.

Еве како изгледа нивниот учинокот на Ендрик, Ѓулер и Дијаз сезонава:

  • Ендрик: 34 настапи, 7 гола, 1 асистенција
  • Ѓулер: 37 настапи, 4 гола, 8 асистенции
  • Дијаз: 48 настапи, 6 гола, 7 асистенции

Фото: Real Madrid C.F/FB

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани