Нема да биде како што очекуваа: Барселона ги разочара навивачите

by Стефан
1 минути читање

Барселона со засилено темпо работеше на завршување на реконструкцијата на легендарниот „Камп Ноу“, но сепак повторно се соочува со неочекувани предизвици. Поради ова, каталонскиот гигант ќе ја започне новата сезона 2025/26 надвор од својот дом, со четири натпревари на гостински терен.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, клубот официјално побарал да не игра на домашен терен во првите четири кола, барање што е прифатено од раководството на Ла Лига.

Доколку не дојде до нови одложувања, Барселона треба да се врати на „Камп Ноу“ во втората половина на септември, кога би требало конечно да го отвори обновениот стадион пред своите навивачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани