По триумфот над Интер во финалето во Лигата на шампионите и освојувањето на тројната круна, фудбалерите на Манчестер Сити се упатија на Ибица да го прослават големиот успех.
Џек Грилиш беше играчот кој најмногу се пијанчеше, Англичанецот не можеше да се отрезни со недели.
Па по синоќешната победа над Севиља во Суперкупот на Европа, новинарите го прашаа Џек Грилиш дали ќе има нова журка.
„Не, не.. Пеп стави забрана“ – вели Англичанецот. „Видете, сега сите си одиме дома, да каснеме нешто здраво и да кулираме. Имаме нов натпревар… кој ден сме денес? За три дена играме пак, па затоа целта е да се одмориме и да му ја мислиме на натпреварот од Премиерлигата“.
Тој потоа додаде: „Пеп ни стави јасно до знаење колку многу сака Манчестер Сити да го освои овој трофеј. Сега сите можете да видите колку ни значи. Клубот забележа големи успеси, но овој трофеј го чекавме долго“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.