Неколку фудбалери на Манчестер јунајтед не сакаат да му подаваат на еден соиграч, загрижени се поради неговата форма

by bojan
1 минути читање
Хојлунд

Медиумите од „островото“ пишуваат за несогласувања во соблекувалната на Манчестер јунајтед, неколку фудбалери избегнуаваат да му подаваат на Расмус Хојлунд поради лошата голгетерска форма на напаѓачот.

„Ѓаволите“ ја имаат една од најлошите сезони во својата историја, многу работи не штимаат на Олд Трафорд.

Како што пишува МЕН, во последно време, неколку фудбалери избегнуаваат да му подаваат на Расмус Хојлунд.

Тие се загрижени поради лошата форма на напаѓачот, па во завршницата од нападите, како опција бараат некој друг наместо Данецот.

Расмус Хојлунд пристигна на Олд Трафорд минатото лето во зделка вредна околу 80 милиони евра, и долго време се мачеше пред противничкиот гол во Премиерлигата.

Но потоа влезе во голгетерска форма и постигна седум погодока на шест натпревари, но се повреди, и откако се врати на терените во март месец, повторно мака мачи и има само еден гол на 10 натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани