Некој во Барселона ја утнал математиката, на Нејмар по грешка му се исплатени 10 милиони евра!

by
1 минути читање

Некој во Барселона
ја утнал математиката па на Нејмар по грешка му се иплатени 10 милиони евра
повеќе од тоа што му следувалo.

Грешката е
направена при пресметката на данокот, даночните власти ја потврдиле лошата
пресметка на луѓето од Камп Ноу, па „каталонците“ сега преку судски пат ќе си
ги бараат парите назад.

Даночните власти
бараат што поскоро да се регулира сето ова или во спротивно исплатата од над 10
милиони евра ќе ја водат како донација.

Барселона и
Нејмар веќе беа инволвирани во еден судски спор, Бразилецот бараше исплата од
преку 40 милиони на име на бонуси за лојалност, но фудбалерот го загуби спорот,
судот пресуди во корист на Барселона и му нареди на Бразилецот да врати 6,7
милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани