Дани Себаљос е
последното име кое стави потпис на нов договор со Реал Мадрид, Шпанецот денеска
и официјално се обврза кон „кралевите“ до јуни 2027 година.
„Кога некои гледаат
само тешкотија, други гледаат шанса. Кога некои се откажуваат, други не
престануваат да се борат за своите соништа. Возбуден сум и среќен што ќе
продолжам уште четири години во најдобриот клуб во светот“ – напиша Дани
Себаљос на социјалните мрежи.
Фудбалерот од
средниот ред можеше летоска беспари да замине од Бернабеу, неколку клубови
пројавија интерес за неговите услуги, но тој до последен момент приоритет му
даваше на Реал Мадрид и на крајот двете страни си подадоа рака.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.