Некогаш и сега: „Газета“ ги спореди тимот на Интер од 2010 и сегашниот, Димарко во улогата на Пандев

by 24 фудбал
1 минути читање

„Газета дело Спорт“ го спореди тимот на Интер од оваа сезона со тој од 2010 година кој ја освои триплетата во пресрет на полуфиналето на Лигата на шампионите. Како и тогаш, Интер игра против Барселона, првиот меч заврши со нерешени 3-3 и сега на „Џузепе Меаца“ ќе се решава патникот во финалето.

Италијанскиот медиум го спореди сегашниот тим со тој од 2010 година чиј дел беше и македонската легенда Горан Пандев. „Газета“ ги подели улогите на сегашните фудбалери со тие од пред 15 години.

Во улогата на Горан Пандев е Федерико Димарко, Зомер е како Цезар, Турам е Ето, Дамфрис – Маикон, Бастони е во улогата на капитенот Занети, Чалханоглу е како Снајдер, Лаутаро како Диего Милито, Барела е како Камбијасо…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани