Нејмар зборуваше во судот и ја префрли вината на татко му: Потпишував сè што ќе ми кажеше тој

by
1 минути читање

Се работи за случај од 2013 година, кога Нејмар од Сантос направи трансфер во Барселона.

Тогаш инвестициското друштво „ДИС“ имаше 40 проценти од сопственоста на Нејмар, тие беа измамени откако Барселона даде многу повеќе за трансферот на Бразилецот отколку што официјално беше прикажано. 

„ДИС“ зема многу помалку отколку што требаше па ги дадоа на суд Нејмар и сите кои учествуваа во трансферот.

Нејмар денеска зборуваше во судницата, а вината ја префрли на неговиот татко.

Тогаш за него беше заинтересиран и Реал Мадрид кој му нудеше повеќе на Сантос, но Нејмар реши да потпише за Барселона. 

„Бев свесен за шпекулациите дека повеќе клубови ме сакаат, но мојот сон беше да играм за Барса. Во 2013 година донесов одлука. Требаше да бирам меѓу Барса и Реал Мадрид. Имаше и други заинтересирани, но одлуката беше меѓу тие два клуба. Во моето срце секогаш беше јасно, сакав да играм во Барселона. Тоа ми беше сон од дете, сакав да играм таму“, вели Нејмар.

„Можев да одам во Мадрид, но моето срце притискаше накај Барселона“.

„Јас немам учествувано во никакви преговори. Татко ми се грижеше за се. Тој беше оној кој се грижеше за тие работи. Секогаш потпишував што тој ќе ми кажеше“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×