Нејмар: Во ПСЖ има фудбалери кои не разбираат како Меси игра

by
1 минути читање

Лео Меси минатото лето ја напушти Барселона и се пресели во Париз, но неговата прва сезона во ПСЖ не беше според очекувањата.

Според Нејмар, на Аргентинецот не му било лесно да се прилагоди, а во прилог не му одело и тоа што добар дел од фудбалерите на ПСЖ не го разбираат како игра.

„Лео помина многу години во Барселона, тешко е да се прилагодите. Тешко е кога се менуваат клубови и градови. Исто така не дојде сам, туку со целото семејство. Јазикот е различен па има многу работи кои креираат конфузија“ – вели Бразилецот.

„Стилот на игра исто така не е ист, има многу фудбалери на ПСЖ кои не разбираат како Меси игра“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×