Нејмар: Во ниту еден момент не помислив дека би можеле да бидеме елиминирани

by
0 минути читање

Аталанта имаше водство до 90 минута, но потоа прими два гола и ПСЖ стана првиот полуфиналист во Лигата на шампионите.

„Никогаш не ни помислив на елиминација“, вели Нејмар кој ја доби наградата за играч на натпреварот.

„Ништо нема да ме сопре да мислам дека ќе стигнеме до финалето. Беше тешко, но ние сме одличен тим и вистинска фамилија. Невозможно е да мислам дека ние можевме да бидеме елиминирани“.

ПСЖ за прв пат по 20 години ќе игра полуфинале од Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×