438
Пред неколку дена Сантос го потврди враќањето на Нејмар во своите редови, а денеска Бразилецот на првиот тренинг во новиот клуб се појави со хеликоптер.
Бразилските медиуми пренесуваат дека Нејмар на терените слетал еден час порано од времето кога бил закажан тренингот.
Нејмар во Сантос се врати по 11 ипол години откако во 2013 година Барселона за него како 21-годишник плати 88 милиони евра. Бразилскиот ас подоцна стана и најскап фудбалер во историјата со трансферот во ПСЖ за 222 милиони евра.
🚁¡Así llegó Neymar a su primer día de trabajo con Santos! ¡EN HELICÓPTERO!
— Radio MARCA (@RadioMARCA) February 3, 2025
📽️ @genioneymarjr1 pic.twitter.com/xjUAwGgfum