Нејмар: Со должна почит, престанете да лажете!

by
2 минути читање

Една од главните вести деновиве низ светските медиуми беше однесувањето на Нејмар во Ал Хилал. Гласините велеа дека тој се расправал во соблекувалната и со соиграчи и со тренерот, а побарал од раководството Жорге Жесус да биде разрешен од функцијата.

Нејмар се јави преку социјалните мрежи и сите овие вести ги нарече лажни.

„Лага. Мора да престанете да верувавте на вакви медиуми. Со милиони следбеници не може да објавувате лажни вести. Со должна почит, ве молам да престанете. Ова е големо непочитување“, напиша Нејмар.

@2024 – Сите права задржани