Нејмар се симнал во соблекувалната и открил каде ќе ја продолжи кариерата

by
1 минути читање

Минатата недела
се говореше за сензационално враќање на Нејмар во Барселона, наводно Бразилецот
бил во постојан контакт со Жоан Лапорта.

Последните
информации го поврзуваат напаѓачот со уште еден негов поранешен клуб, и се
шпекулира со преселба во Сантош.

Изминатиов
викенд, Нејмар го следеше натпреварот помеѓу Сантош и Палмеирас, и ја
искористил оваа прилика да се симне во соблекувалната на „црно-белите“. Откако
се поздравил со сите играчи на Сантош, им открил дека планира во 2025 да се
врати на „Вила Белмиро“.

Останува да се
види каков ќе биде следниот чекор во кариерата на Нејмар, има и гласини за
негова преселба во Интер Мајами, каде има неколку поранешни соиграчи од
Барселона, како Лео Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани