Како што пренесува СЕР, Нејмар сака да се врати во Европа, напаѓачот сонува за уште една авантура во дресот на Барселона.
Нејмар во јануари ја напушти Саудиска Арабија и се врати во Сантош, клубот каде што ја започна кариерата.
Сепак, тој нема планови долго да остане во Бразил, како што пренесува СЕР, Нејмер сака да се врати во Европа, или поточно сонува за уште една авантура во дресот на Барселона.
Во момнтов, „каталонците“ не се заинтересирани за една ваква зделка, но Нејмар е одлучен во намерата да им покаже на Жоан Лапорта и Ханси Флик дека заслужува втора шанса.
За да ја оствари својата желба, Нејмар веќе направил стратегија – во Сантош, каде околината му е добро позната и во првенство кое не е толку интензивно како оние во Европа, да си ја врати самодовербата по тешката повреда, да собере минутажа, асистенции и голови и да покаже дека и понатаму е елитен фудбалер.
Останува да се види дали Нејмар ќе успее да го убеди Жоан Лапорта за „Последниот танц“ на Камп Ноу.