Бразилскиот селектор Доривал Жуниор во репрезентацијата повторно го повика Нејмар.
Ѕвездата се врати да игра во Сантос и почна да ја крева формата, па веднаш се најде меѓу 23. фудбалери кои ќе играат за Бразил во квалификациските натпревари за Светското првенство против Колумбија и Аргентина. Ова е прв повик за Нејмар во репрезентацијата по октомври 2023 година.
Освен него во тимот се вратија Алисон, Жоелинтон, Родриго, Куња… Напаѓачкиот потенцијал на Бразилците е застрашувачки и Доривал е на слатки маки.