Нејмар позитивен на коронавирус

by
1 минути читање

„Светците“ пред неколку дена соопштија дека имаат два суспектни случаи на коронавирус, а медиумите пренесоа дека бројката може да се зголеми бидејќи се работи за Анхел ди Марија и Леандро Паредес, кои беа на одмор на Ибица и имале контакт и со други соиграчи кои се реалаксираа на Белеарските острови.

ПСЖ попладнево извести дека тројца фудбалери се позитивни на коронавирус и дека се применети сите мерки според протоколите. Шампионот на Франција повторно не објави имиња, но според медимите, се работи за двајцата претходно споменати и Нејмар, Бразилецот исто така беше на Ибица.

Тројцата сега се под голем знак прашалник за дуелот со Ленс на 10. септемвери бидејќи ќе мора да поминат една недела во карантин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани