Нејмар одвоил богатство за да му помогне на пријателот Дани Алвеш

by
1 минути читање

Дани Алвеш од 20.
јануари 2023 е зад решетки во Шпанија, Бразилецот е обвинет за сексуален напад
врз девојка во ноќен клуб во Барселона.

Судењето треба да
почне во февруари, а како што пренесува УОЛ, Дани Алвеш стапил во контакт со
совјот пријател Нејмар и побарал финансиска и правна помош.

Па таткото на
Нејмар му префрлил 150.000 евра, пари кои биле за „компензација за
ублажување на предизвикана штета“
, на овој начин, казната на Дани Алвеш ќе се
намали доколку тој на крајот биде прогласен за виновен.

Имотот и
средствата на Дани Алвеш се замрзнати по разводот со неговата поранешна сопруга Динора Сантана, која го тужи екс-играчот на Барселона дека не плаќал алиментација,
па затоа Нејмар помогнал финансиски.

Фудбалерот на Ал
Хилал исто така помогнал и со правна помош, односно адвокатот од доверба на
семејството Нејмар, Густаво Ксисто почнал да го застапува Дани Алвеш, и се обидува да го извади од проблемите во кои западнал.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани