Нејмар не заминал во Ал Хилал поради парите, друга била причината

by
2 минути читање

Трансферот на Нејмар изгледа како Бразилецот да ги одбрал парите наспроти некој спортски издржан проект. Сепак Ал Хилал бил единствениот клуб кој му доставил официјална понуда.

Нејмар не добил ниту една конкретна понуда за да остане во Европа.

Бразилецот не можел да остане во ПСЖ затоа што Луис Енрике му рекол дека не е дел од плановите на ПСЖ.

Неодамна се пишуваше дека Нејмар преферира да остане во Европа, не го интересира Саудиска Арабија, сака да игра на највисоко ниво, но бил приморан да отиде таму затоа што немал други реални опции.

Немал опции затоа што и ПСЖ бараше високо обесштетување за него. Се верува дека планот му е да одигра две сезони во Ал Хилал и да се врати во Европа.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

@2024 – Сите права задржани