Нејмар не бил единствениот, Мбапе побарал да си заминат уште неколку фудбалери и тој да биде главен во соблекувалната

by
1 минути читање

Подолго време се
говори дека во ПСЖ има кланови и дека преовладува оној на играчите кои
зборуваат шпански јазик, но по новиот договор кој го доби Килијан Мбапе во мај месец,
работите се менуваат.

Како што
пренесува УОЛ, Килијан Мбапе имал влијание врз одлуките од Париз да си замиант спортскиот директор Леонардо и тренерот Маурисио Покетино. Тој исто така побарал да бидат продадени неколку играчи, со цел
да се намали влијаниетo на овој клан и тој да биде главен во соблекувалната,
задно со фудбалерите кои зборуваат француски.

Напаѓачот дал
зелено светло за заминување на Нејмар, а побарал и клубот да го напуштат играчи
како Анхел ди Марија, Леонардо Паредес, Мауро Икарди, Андер Ерера и Кејлор Навас.

Извори блиски до
ПСЖ, за УОЛ брифираат дека Килијан Мбапе драстично го променил однесувањето откако
ставил потпис на новиот договор, дури станал и неподнослив во соблекувалната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×