Њукасл сака Нејмар да биде првата мега ѕвезда која ќе ја донесат во тимот. Новите сопственици на клубот инвестираат, но досега немаа донесено некое посебно славно име, обично тоа беа квалитетни фудбалери кои создадоа одличен тим.
Црно-белите имаат фантастична сезона и ќе изборат пласман во Лигата на шампионите, а тоа ги прави атрактивни и за најдобрите светски фудбалери.
Англискиот клуб подготвува понуда за Нејмар со која треба да го привлече Бразилецот во нивниот клуб.
ПСЖ би бил расположен да го продаде. Уште минатото лето се шпекулираше за заминување на Нејмар од таму, но тоа не се случи.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.