Нејмар ќе ги наполни џебовите во Суадиска Арабија и по две години ќе се врати во Барселона?!

by
2 минути читање

По шест години во
Париз, Нејмар започнува нова авантура и се сели во Ал Хилал.

Се шпекулира дека
трансферот на Бразилецот ќе биде околу 90 милиони евра, плус додатни 40 милиони
лесно остварливи бонуси, плус додатни 10 милиони евра во тешко остварливи
бонуси.

Со вакви бројки,
напаѓачот ќе стане рекордна продажба на ПСЖ и рекорден трансфер на Саудиска
Арабија.

Новинарот
Фабрицио Романо пак додава дека Нејмар ќе се обврзе на двегодишна соработка без
опција за додатна година и ќе заработи рекордна плата од 300 милиони долари,
која со бонуси и комерцијални договори може да достигне до 400 милиони долари.

Л’Екип пак пишува
дека авантурата на Нејмар во Саудиска Арабија може да биде кратка, односно тој
да си ги наполни џебовите и по две години да се врати во Барселона.

Кога прв пат се
појавија гласините дека Нејмар ќе ја продолжи кариерата во Ал Хилал, се
говореше дека еден од условите на Бразилецот е да му биде дозволено оваа сезона
да ја одигра на позајмица на Камп Ноу, односно да потпише на четири години, од
кои првата ќе ја игра во Барса, а следните три во Саудиска Арабија.

Арапите сепак не
дале зелено светло за едно вакво сценарио, но за да го убедат Нејмар, парите
кои му ги ветувале за четири години, сега ќе му ги исплатат за две години, па
Бразилецот потоа ќе може слободно да одлучи што понатаму.

Не се исклучува
можноста тој да продолжи во Саудиска Арабија, но Л’Екип верува дека Нејмар ќе
се реши за уште еден блесок во Европа, а потоа враќање во родниот Бразил.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани