82
Актуелниот договор на Нејмар истекува во 2022 година, двете страни почнуваат прелиминарни разговори за продолжување на соработката.
Нејмар сака ПСЖ да продолжи да се бори за освојување на трофејот во Лигата на шампионите и еден од условите му е да се засили тимот.
И тоа е легитимно барање, но „Телефут“ пишува дека Бразилецот оди чекор понатаму и сака лично тој да предложи кои играчи да бидат купени. Нејмар веќе го контактирал спортскиот директор Леонардо за да му каже кои фудбалери би одговарале за неговиот стил на игра.
Друг услов му е неговата плата да не биде намалена и покрај економската криза создадена од ковид-19. Тој сака да заработува најмалку 30 милиони евра годишно.