Нејмар го урна рекордот на Пеле, стана најдобар стрелец на Бразил на сите времиња! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Беше само прашање на време кога Нејмар ќе го сруши рекордот на Пеле бидејќи пред синоќешниот меч и двајцата имаа по 77 голови за Бразил.

На вчерашниот меч со Боливија, Нејмар постигна два гола во победата од 5-1, дојде до бројка од 79 голови за националниот тим и сега тој ја води листата за најдобри стрелци во историјата на Бразил.

Двоен стрелец синоќа беше и Родриго, еден погодок беше дело на Рафиња.

Победа вчера забележа и Уругвај кој со 3-1 беше подобар од селекцијата на Чиле. Де Ла Круз даде два гола, еден постигна Валверде. Погодокот за Чилеанците беше дело на Видал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани