163
Фамозниот пенал
на Јохан Кројф од пред речиси 40 години повторно е во мода. Откако во четвртокот
Серхио Рамос имаше неуспешен обид да му асистира на Карим Бензема од белата точка, синоќа истото го сторија Нејмар и Мауро Икарди.
ПСЖ играше
пријателски натпревар со Беверен, беше досудена настрога казна а Нејмар тргна
да га го изведе пеналот. Бразилецот го праша голманот во кој агол сака да му шутира
за потоа да се реши за нешто сосема друго.
Тој само ја турна топката нанапред,
Икарди истрча од позадина и успеа да погоди и покрај тоа што играчите на Беверен ја насетија акцијата.