ПСЖ приреди голема трансфер бомба изминатово лето кога со 222 милиони евра го купи Нејмар од Барселона.
Бразилецот го напушти Камп Ноу за да излезе од сенката на Лео Меси и да биде прв играч на „Светците“, но работите не одат според планот.
И покрај тоа што Нејмар прикажува импресивни партии, често се пишува дека тој не е среќен во Париз.
Реал Мадрид сака да ја искористи оваа ситуација, да го донесе напаѓачот на Сантијаго Бернабеу и Флорентино Перез веќе отворено флертува со поранешниот играч на Барселона.
На оваа тема денеска пишуваа Лекип и Ла Паризиен, едни од најреномираните весници во Франција.
Се говори дека Нејмар е „изморен“ од Лиг 1, верува дека првенството на Франција не е доволно квалитетно и екипите негуваат дефанзивен фудбал. На Бразилецот исто така не му се допаѓа и тоа што често е мета на противниците и кои не го штедат со стартовите.
Нејмар е разочаран и поради тоа што сопствените фанови го исвиркаа на последниот натпревар со Дижон. Публиката сакаше Кавани да го изведе пеналот за Уругваецот да го сруши рекордот на Ибрахимовиќ, но Бразилецот ја зеде топката и за тоа доби свирежи од трибините.
Сето ова го принудува Нејмар полека да мисли за враќање во Шпанија, каде Реал Мадрид со месеци го опипува теренот за еден ваков трансфер.
„Кралевите“ се подготвени да платат и 250 милиони евра, но се свесни дека и оваа сума може да не биде доволна. Исто така самиот Нејмар знае дека зделката воопшто нема да биде лесна, окткако првиот човек на ПСЖ, Ал Келаифи порача дека „невозможно е тој да се пресели во Раел Мадрид“.
Па затоа напаѓачот веќе „кова“ планови како да изнуди трансфер. Нејмар знае дека ќе има поголеми шанси доколку влезе во конфликт со фановите, па не е исклучена можноста тој во иднина одново да се „рчне“ со публиката.