Иако дојдоа до второто место во Премиер лигата и играа во полуфиналето од Лигата на шампионите, Арсенал заврши уште една сезона без трофеј.
Можеби ќе беше поинаку доколку Арсенал имаше вистински напаѓач. Ефикасноста беше главниот проблем на тимот на Артета.
Најдобар доказ за тоа е што Арсенал првпат по сезоната 1923/24 нема играч кој постигнал двоцифрен број на голови во Премиер лигата.
Најблиску до тоа беше Каи Хаверц кој даде девет голови, Тросар и Мартинели постигнаа по осум, Мерино седум, а Сака шест.
Доколку се земат сите натпреварувања, така Арсенал има неколку играчи со двоцифрен број на голови. Хаверц има 15 гола, Сака 12, а Мартинели и Тросар по 10.
Приоритет на Арсенал во летниот преоден рок ќе биде напаѓач.