4,4K
Јувентус игра разочарувачки на стартот од сезоната. Во Лигата на шампионите немаат бодови по две кола, а во Серија А загубија и од Монца која до тој дуел имаше само еден бод.
„Кориере дело Спорт“ пишува дека бил одржан состанок на челниците на Јувентус на кој Павел Недвед предложил Алегри да добие отказ.
Но таквиот негов предлог не бил прифатн од Ањели. Претседателот на Јувентус вчера имал телефонски разговор со Алегри и му изразил поддршка.
Сепак јасно е дека доколку Алегри не успее да ја сврти формата на тимот, само прашање на време ќе биде кога ќе добие отказ. Засега останува.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.