Пауло Дибала
повторно се најде во почетните 11 на италијанскиот првак Јувентус кој вечерва
на домашен терен го пречекува Фросиноне, во моментов на оваа објава, Старата
дама води со 2-0, а првиот гол беше дело токму на Аргентинецот.
Во екот на
големите шпекулации поврзани со Дибала, Павел Недвед, директорот на Јувентус
посочи дека Аргентинецот е од големо значење за клубот, а додаде дека истиот
очекува многу од него.
„Дибала е
фудбалер од големо значење за нас. Тој не стартуваше на мечот против Сасуоло,
но имаше одлично издание откако влезе од клупата за резервни фудбалери, а со
тоа стартува на вечерашната пресметка, нема ништо спорно во тоа, тој е одличен
фудбалер, а ние како клуб очекуваме многу од него“ посочи Недвед.