Не требаше многу за девојката на Роналдо да „удри“ по Сантош: Го потцени најдобриот фудбалер во светот

by
1 минути читање

Против Швајцарија, Фернандо Сантош превзеде голем ризик и го седна Кристијано Роналдо на клупа а во старниот состав го испрати Гонсало Рамош. Напаѓачот на Бенфика одговори со три гола, а Португалија со 6-1 ја победи Швајцарија.

Рецептот беше препишан и за денешниот натпревар против Мароко, но Португалија загуби со 1-0 и беше елиминирана од Светското првенство, па девојката на Кристијано Роналдо не чекаше многу за да „удри“ по селекторот.

„Денеска твојот пријател и тренер донесе погрешна одлука. Пријателот за кого ти имаш само прекрасни зборови и почит. Истиот тој кој виде како се промени натпреварот откако те пушти во игра, но веќе беше доцна. Не можеш да го потцениш најдобриот во светот. Животот ни држи лекции. Денеска не загубивме, денеска научивме нешто. Роналдо те обожаваме“ – гласеше пораката на Георгина Родригез на социјалните мрежи.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани