Не случајно Шкотска е голем фаворит во обложувалниците, коронавирусот ја принуди Чешка да истрача со целосно нов состав

by
1 минути читање

Вечерва Чешка ќе ја пречека Шкотска во второто коло од Лигата на нации, домаќините пред неколку дена важеа за фаворит, но сега работите се променети и обложувалниците очекуваат гостите лесно да слават.

Причина за ова е коронавирусот. По победата на Словачка во петокот, репрезентацијата на Чешка мора во карантин откако двајца играчи и еден член на персоналот беа заразени со ковид-19. ФФШ соопшти дека натпреварот со Шкотска ќе се одложи, но УЕФА реагираше и нареди мечот да се игра.

Па Чешка повика целосно нов состав и нов тренер. Давид Холубек ќе го предводи тимот во кој само двајца играчи претходно го имаат носено националниот дрес, Станислав Тецл и Роман Хубник, кој ќе биде капитен. Останатите 22-ца се младинци и прилично анонимни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×