Дарвин Нуњез вчера
ги остави на цедило соиграчите откако заработи црвен картон, па Ливерпул со
играч помалку требаше да брка гол негатива, и одигра само 1-1 против Кристал
Палас.
Јирген Клоп по
крајот на натпреварот рече дека напаѓачот бил постојано провоциран, но и дека
ова не е оправдување за потегот на Дарвин Нуњез и му порача на Уругваецот дека
вакво однесување не смее да се повтори.
На социјалните
мрежи сега се појави видео од големиот број дуели помеѓу Нуњез и Андерсен од
кои добро може да се види како дефанзивецот му влезе под кожа на напаѓачот и го
натера да ги загуби нервите.
Anderson provoking Nunez throughout the game
Perhaps got an info Nunez is Suarez’s countryman and got temper issues….LOL pic.twitter.com/UEhko6JQvZ
— Frank Darkwah (@Blaqqkoffi) August 16, 2022