Не се сите среќни поради договорот на Салах: Фудбалер на Нотингем урнебесно реагираше (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Moхамед Салах денеска го продолжи договорот со Ливерпул и тоа донесе радост кај фановите на „црвените“, но не се сите среќни поради договорот кој го потпиша Египќанецот.

Ако Салах остане на „Енфилд“ и го одработи договорот во целост тогаш ќе помине во клубот цела деценија. Следен кој би требало да го следи неговиот чекор е Вирџил Ван Дајк кој е блиску да ја продолжи соработката.

Интересна реакција на социјалните мрежи на новиот договор на Салах имаше дефанзивецот на Нотингем Форест, Ола Аина.

„Потпиша повторно? Првенството заврши…“, искоментира дефанзивецот во видеото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани