Севиља наскоро ќе го потврди ангажманот на Серхио Рамос кој се враќа во клубот од кој потекнува.
Рамос е од младинската школа на Севиља, таму го почна и сениорскиот фубал, но брзо се префрли во Реал Мадрид каде ги помина најдобрите денови од кариерата.
Рамос е слободен фудбалер и како таков може да потпише и надвор од преодниот рок. Ова лето имаше неколку понуди, особено во финишот на август.
Галатасарај му нудеше плата од 11 милиони евра годишно, понудата на Ал Итихад беше уште поголема, годишна плата од 20 милиони евра по сезона, двегодишен договор со клаузула дека може да го раскине кога сака.
Рамос ги одби богатите понуди и реши да се врати во Севиља каде ќе заработува нешто над 1 милион евра годишно. Ќе потпише едногодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона.
Серхио денеска слета во Севиља да го комплетира трансферот. Меѓудрогото рече дека се враќа поради неговиот татко, дедо и Антонио Пуерта.
Антонио Пуерта беше фудбалер на Севиља кој во 2007 година почина на 22-годишна возраст од срцев удар за време на натпревар.