Екипата нА Саутемптон го потврди отказот на тренеро Вил Стил кој си заминува од клубот по очајните резултати од стартот на сезоната.
„Фудбалскиот клуб Саутемптон потврдува дека ја прекина соработката со тренерот на првиот тим, Вил Стил. Заедно со него клубот го напуштаат и Рубен Мартинез, Клемон Ламеир и Карл Мартин. Тренерот на тимот до 21 година, Тонда Екерт привремено ќе го води првиот тим“, стои во официјалното соопштение на клубот.
Техничкиот директор Јоханес Спортс му се заблагодари на сега веќе поранешниот стратег:
„Вил е исклучително посветен и чесен човек кој направи сè што можеше за да го подигне тимот. Сепак, процесот траеше подолго од очекуваното. Веруваме дека оваа промена е неопходна за клубот да се врати на вистинскиот пат. Му благодариме нему и на целиот стручен штаб и им посакуваме успех во иднина.“
Разделбата со Стил доаѓа по поразот Престон, во период кога Саутемптон бележи очајна форма. По 13 кола, тимот е на 21. место на табелата со само 12 бода, три повеќе од Шефилд јунајтед, кој се наоѓа во опасната зона. Тимот сезонава има само две победи, шест ремија и пет порази и не знае за триумф на последните пет натпревари.
Инаку, Вил Стил првпат го привлече вниманието на јавноста кога со голем успех го водеше француски Ремс, клуб кој дури и плаќаше парични казни за тој да може да седи на клупата, бидејќи немаше тренерска лиценца од „А“ категорија.